НАСА го лансираше првиот глобален сателит за истражување на водите

- Advertisement -

Ракета на SpaceX беше лансирана од Калифорнијасо американско-француски сателит за спроведување на првото глобално истражување на површинските води на Земјата. Тоа ќе фрли ново светло на развојот и последиците на климатските промени.

Ракетата Falcon 9, која е во сопственост на Илон Маск, кој, пак, има договор со НАСА, носи сателит за топографија на површинските води и океани на Земјата или SWOT. Сателитот има напредна микробранова радарска технологија за собирање податоци со мерење на разновидноста на океаните, езерата, резервоарите и реките на повеќе од 90% од земјината површина.

- Advertisement -

Податоците кои ќе бидат собрани со радарски снимки во траење од најмалку 21 ден ќе се искористат за подобрување на моделот на циркулација на океаните, подобри временски и климатски прогнози и ќе помогнат во управувањето со залихите на слатка вода во регионите погодени од суша, велат истражувачите.

Компонентите на сателитот, кој е со големина на теренец, ги направија Лабораторијата за млазен погон на НАСА и француската вселенска агенција CNES.

- Advertisement -

Една од главните задачи на сателитот е да истражи како океаните ја апсорбираат атмосферската топлина и јаглерод диоксидот, кој природно ја регулира глобалната температура и помага за намалување на климатските промени. Се проценува дека океаните апсорбираат над 90% од вишокот топлина заробена во земјината атмосфера од емисијата на стакленички гасови која ја предизвикува човекот.

Главниот радарски инструмент на SWOT работи на т.н. френквенција на Ka појасот од микробрановиот спектар, што овозможува продорс низ облаци и темница на широки површини на Земјата. Тоа овозможува научниците прецизно да мапираат во две димензии без оглед на временските прилики или периодот од денот.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -