SpaceX повторно ќе ја лансира вселенската ракета Starhip за два месеци отсега

- Advertisement -

Американската компанија SpaceX за околу два месеци отсега ќе биде спремна за ново лансирање на својата најголема и најмоќна ракета наречена Starship. Овие информации ги потврди првиот човек на компанијата SpaceX, милијардерот Илон Маск, кој додаде дека пред новото лансирање на Starship мора да биде надградена лансирната рампа, како и да се направат повеќе тестирања на ракетата.

Првото лансирање на ракетата го гледаше целиот свет и тоа беше забележано како историски момент пред повеќе од еден месец, а се заврши со делумен успех. Ракетата полета, но пред фазата раздвојување почна неконтролирано да се врти, после што експлодираше. Исто така, при полетувањето беше уништена лансирната рампа.

- Advertisement -

SpaceX минатата седмица објави и драматично видео во кое е сумиран првиот лет на Starship, кое можете да го погледнете во прилог.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -