Почна изградбата на нов далекувод во Овчеполието

- Advertisement -

Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани денеска во Овче Поле присуствуваа на започнувањето на градба на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле. Со овој далекувод чија изградба почна во близина на селото Мамутчево во Општина Велес се зајакнува квалитетот на преносливоста, стабилноста и се намалуваат загубите на високонапонска електрична енергија што е од огромен јавен интерес во услови на глобална енергетска криза.

Ковачевски истакна дека постојаното инвестирање и оптимизација на капацитетите и ресурсите за пренос на електрична енергија значат постигнување на еден од најважните јавни интереси во услови на енергетска криза, а тоа е доверлив и стабилен електроенергетски систем.

- Advertisement -

-Токму денеска овде во близина на Мамутчево присуствуваме на започнување со изградба на една ваква важна инвестиција како што е овој 110 kV далновод од трансформаторската станица во Велес до трансформаторската станица Овче Полe во вредност од 2,3 милиони евра. Со овој далекувод обезбедуваме намалување на техничките загуби, сигурност во напојувањето и можност за приклучување на производните капацитети од обновливи извори на енергија, во кои забрзано се инвестира во изминатиот период. Оваа инвестиција е посебно значајна од повеќе аспекти, вели Ковачевски.

Се гради нов далекувод на постоечката траса на далекувод кој е изграден уште во 1960 година. Тоа значи дека по цели шест децении се вложува во сериозен зафат во македонската преносна мрежа. Реконструкцијата на застрените 110 kV далекуводи, особено оние кои имаат големо системско значење и им се нарушени работните параметри, како што е овој далекувод, е главниот фокус на Владата и МЕПСО, нагласи Ковачевски.

- Advertisement -

-Втората важна работа е тоа што проекти како овој придонесуваат за намалување на технички загуби, обезбедуваат доверливост на мрежата, сигурност во напојувањето, интеграција на обновливи извори на енергија и стабилност на целиот електроенергетски систем во државата, вели Ковачевски.

Посочи дека токму во велешко-овчеполскиот регион се и најголемите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, кои се реализираат или допрва ќе почне нивната реализација.

- Advertisement -

Во овој дел од државата на државно земјиште во селото Амзабегово е 25 MW фотонапонска централа, на потегот Овче Поле – Штип се гради ветерната електрична централа Богословец со инсталирана моќност од 36 MW, а во најава е и изградба на фотонапонска централа кај селото Ерџелија и инвестицијата на француската Акио Енерџи во 400 мегаватна фотонапонска централа, најголема во Европа. Премиерот Кочавчевски истакна дека токму со изградбата на овие проекти Република Северна Македонија ќе биде пример во Европа и во регионот за зелена транзиција.

Директорот на АД МЕПСО, Орхан Муртезани истакна дека вкупната инвестиција на проектот за ревитализација на преносната мрежа е 15,7 милиони евра. Додека далекуводот Велес-Овче Поле е со должина од 20,94 километрии е поставен на 83 столбови

Дел од средствата се обезбедени од МЕПСО, а дел од заем од ЕБОР.

Сподели!
- Advertisement -