Празнична магија го осветли Ист Гејт Мол

- Advertisement -

Сите очи на настанот беа свртени кон 12-метарската елка, која ја осветли Sarah Mace, за време на својот оригинален А капела настап од празнични песни со The Christmas Girls.

Ист Гејт Mол го изначи и официјалниот почеток на празничните настани во претстојниот период, исполнети со секојдневни забавни активности во духот на празниците.

- Advertisement -

Атмосферата беше надополнета со веселиот Дедо Мраз, кој на присутните дечиња им приреди слатко изненадување со подарување на неодоливи новогодишни пакетчиња, а елегантните Brasstet Skopje ја збогатија празничната магија во молот со изведба на некои од најпознатите безвременски празнични мелодии.

Од 15.12.2021 (среда), започнуваат Design Gate (ексклузивна продажба), од 15.-20.12.2021, нетрпеливо се очекува и „Unview the new – by BMW“настанот на 25.12.2021 (сабота), а атмосферата во молот секако е секојдневно позабавна со студиото во живо на City Radio во Ист Гејт Мол.

- Advertisement -

Сè до 10.12.2021, на сите посетители им е достапна и изложбата,,Изгледаш прекрасно денес”, во организација на Europe House и Европска Комисија.

Еден од најочекуваните празнични настани во Ист Гејт Мол е гламурозната „Празнична и магична GLAM ревија“, која што ќе се оддржи на 16.12.2021 (четврток) со почеток во 17:00 часот, а по која што секако ќе следи и „Музичкиот танцов фестивал“,каде во сабота на 18.12.2021 најмалитепосетители во Ист Гејт Мол со почеток во 13:00 часот заедно ќе се забавуваат со единствените Поточиња и маскотата Поки, а и ќе уживаат во танцовите точки на познатите студија Eat the Beat, Aqua Dance Studio и Еурека.

- Advertisement -

На 23.12.2021 следуваат слатките празнични вкусови на настанот „Christmas Cooking with Branko by Vitaminka & East Gate Mall“, кој што се очекува да започне во 17:00 часот.

Сите љубители на добра храна и вино од 23.-25.12.2021 ќе можат да бидат дел и од „Wine & Dine Фестивал“, а авантуристите ќе имаат шанса да дознаат повеќе за голем број дестинации на „Регионалниот Саем за туризам“ од 17.-18.12.2021.

Во празничната магија на Ист Гејт Мол ќе се вклучи и Полифонија (детски хор), – музичка платформа на млади уметници, која ќе се претстави со свои настапи на 19.12.2021 (недела) од 12:00 часот и на 30.12.2021 (четврток) со почеток од 17:00 часот.

Оваа сезона, посетителите во Ист Гејт Мол имаат единствена можност да бидат дел од едно поинакво и оригинално празнично искуство, со селекција на 250 реномирани брендови, од кои 40 се достапни за прв пат, а од чија богата понуда може да се создадат голем број на уникатни новогодишни подароци за семејството и пријателите.

Најубавите моменти од настанот на 13.12.2021, може да се погледнат на следното видео: https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/videos/1046816759228533/

Ти си центар.

Сподели!
- Advertisement -