Британски студенти пресметаа колку брзо треба да вози Дедо Мраз за да го помине цел свет за една ноќ

- Advertisement -

Британски студенти од Универзитетот Леичерстер наоправија истражувње во кое пресметаа колку е моќна санката на Дедо Мраз, со оглед на тоа дека со неа мора во една ноќ да го помине целиот свет.

Според тоа истражување, санката на Дедо Мраз може да произведе иста потисна сила како и некогашната ракета Saturn V на НАСА, со помош на која мисијата Apollo стигна до Месечината.

- Advertisement -

Истражувањето ан британските студенти е инспирирано до филмот „Elf“ од 2003 година, во кој во даден момент Дедо Мраз додава млазен погон на санката. Студентите сега пресметале колку треба да биде моќен тој млазен погон за да ја држи санката во лет.

За санката на Дедо Мраз да може воопштои да лета исправено тежината мора да биде урамнотежена со погонот. Тоа значи дека воздухот кој струи над неа мора да биде под понизок притисок од воздухот под неа.

- Advertisement -

Под претпоставка дека санката има прицврстен пар крила, студентите пресметале дека тие мора да се движат со брзина од 5.500 м/с, односно околу 10 пати побрзо отколку брзината на звукот. Едноставно кажано, ДедоМраз има хиперсонична санка.

Британските студенти пресметале и дека потисната моќ на моторот која би овозможила брзина од 10 маха би билка еднаква на 150 мотори на Boeing 747-400 или на ракетата Saturn V на НАСА.

- Advertisement -

Истражувањето е објавено во весникот Physics Special Topics Јournal на Универзитетот Леичестер.

(Metro)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -