Ова се најскапите градови за живот во светот

- Advertisement -

Њујорк и Сингапур се најдоа на врвот на листата на најскапи градови за живот во светот за 2022 година. Сиднеј исто така се најде во топ 10 поради се повисоките цени на енергијата, покажуваат податоците на Economist Intelligence Unit.

Њујорк е на прво место, но титулата најскап град во светот ја дели со Сингапур, а сето тоа е последица на високите цени на енегенсите, кои ја дуплираа инфлацијата во најголемите градови во светот, покажа годишното истражување на Economist.

- Advertisement -

Минатогодишниот лиудер на листата Тал Авив падна на третата позиција, додека Сиднеј се искачи во топ 10, исто како и Москва и Санкт Петерсбург, кои се сикачија за 88 места на листата поради се поскапата нафта. откри извештајот Worldwide Cost of Living.

Главниот град на Венецуела, Каракас, со 132% покачени цени во 2022 година, и стапка на хиперинфлација од 25,000% не се најде на листата затоа што цените биле превисоки за да се вклучат во истражувањето. Просечната инфлација од 8,1% во локална валута се уште е највисока во последните 10 години исстражувања и е голем скок од минатогодишните 3,5%.

- Advertisement -

Шест од осум градови кои најмногу се искачија на листата се во САД, а на прво место од нив е Атланта. Градовите кои се во земји каде што има пад на вредноста на валутите забележаа голем пад на листата. Токио и Осака се меѓу десетте градови со најголем пад на листата, од 13-то и 10-то место на 37. и 43. позиција. Стокхолм и Луксембург имаат најголем пад од по 39 места до 99. и 104. позиција.

Дамаск во Сирија и Триполи во Либија си ја задржаа титулата најевтини градови кои биле вклучени во истражувањето. Трите британски градови кои биле вклучени во истражувањето забележале пад на листата – Лондон од 17. на 28. место, Единбург од 27. на 46. место и Манчестер од 41. на 73. место.

- Advertisement -

Австралиските градови пак, забележале скок меѓу најскапите градови во светот. Глобалното покачување на инфлацијата е нешто што се готвеше уште пред инвазијата врз Украина. Покачените цени на горивата се најголемиот двигател на инфлацијата затоа што во просек еден литар гориво годинава бешер за 22“ поскапо отколку лани.

(The Guardian)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -