Стануваме членка на Дигитална Европа, новата програма на ЕУ

- Advertisement -

ЕУ и Северна Македонија ќе потпишат меѓународна спогодба за учество во програмата на Унијата, Дигитална Европа (Digital Europe) за периодот 2021-2027 година, информираат во Министерството за информатичко општество и администрација. Оттаму додаваат дека Владата го овластила министерот Адмирим Алити да ја потпише спогодбата, со што Македонија од 1 јануари ќе биде земја членка на програмата, а сите граѓански организации, компании и институции ќе може да учествуваат во проектите кои се реализираат преку неа.

Дигитална Европа е нова програма за финансирање на ЕУ фокусирана на доближување на дигиталната технологија до бизнисите, граѓаните и јавната администрација. Со планиран вкупен буџет од 7,5 милијарди евра има за цел да го забрза економското закрепнување и да ја обликува дигиталната трансформација на европското општество и економија, носејќи придобивки за сите, особено за малите и средни претпријатија“, велат во МИОА.

- Advertisement -

Иако е насочена пред сè, кон зајакнување на дигиталните капацитети на Унијата, Доготална Европа дава можност за поврзување и на земјите-кандидати, како и на земјите од програмите за добрососедство.

МИОА ја увиде можноста од зачленувањето во Програмата за дигитална Европа која ќе обезбеди стратешко финансирање за да се одговори на ИТ предизвиците, со оглед на фактот што програмата поддржува проекти во 5 клучни области: суперкомпјутери, вештачка интелигенција, сајбер безбедност, напредни дигитални вештини и обезбедување широка употреба на дигитални технологии низ економијата и општеството, вклучително и преку дигиталните иновациски хабови“, појаснуваат во министерството.

- Advertisement -

(Меta.mk)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -