Интересна нова научна студија открива дека жените во просек се подобри од мажите во сочувствување со другите, ставање себеси во туѓа кожа, односно замислување она што го мисли другата личност. Станува збор за најголемата студија на теорија за умот досега, која била спроведена на над 300.000 луѓе во 57 земји во светот.
Авторите на студијата, која е објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (PNAS), открива дека жените во просек постигнуваат повеќе резултати од мажите на тестот на очи, односно читање мисли во очите, која ја мери когнитивната емпатија. Когнитивната емпатија е еден од основните делови на човечката социјална интеракција и комуникација.
Резултатите биле исти во сите возрасни групи и во најголем дел од земјите во кои се спроведувало истражувањето. Научниците веќе со децении ги проучуваат теориите за развој на умот. Еден од најчесто користените тестови за проучување на теоријата на умот е тестот на очите, кој од учесниците бара да изберат ко збор најдобро опишува за што размислува личноста на фотографијата или што чувствува, и сето тоа само со набљудување на очите и лицето.
Тестот на очи го развил професорот Сер Сајмон Барон-Коен и неговиот истражувачки тим од Универзитетот Кембриџ во 1997 година, а е ревидиран во 2001 година и оттогаш стана една од темелните проценки на теоријата на умот.
Многу независни научни студии досега имаат покажано дека жените во просек постигнуваат подобри резултати од мажите на тестовите на теоријата на умот, но најголем дел од тие студии биле ограничени на релативно мали примероци, без големи разлики во поглед на географијата, културата и возраста.
Тим од мултудисциплинарни научници, предводен од Универзитетот Кембриџ, со соработници од универзитетите Бар-Илан, Харвард, Вашингтон и Хаифа, како и ИМТ Лука, ги споил примероците од различни интернет-платформи за анализа на податоци за да го реши проблемот со малите примероци и малата разновидност.
Нивните резултати покажале дека жените во просек имаат значително подобри резултати од мажите (во 36 од вкупно 57 земји) или слични на мажите (во 21 земја). Од друга страна, битно е да се спомене дека немало земја во која мажите во просек имале значително подобри резултати од жените на истиот тест.
(EurekAlert)
(фото: explainthatstuff.com)