ВИДЕО: Првиот трејлер на првиот игран филм снимен во вселената

- Advertisement -

Во октомври 2021 година на Меѓународната вселенска станица со леталото Soyuz MS-19 стигнаа космонаутот Антон Шкеперов, уредникот Клима Шипенко и руската актерка Јулија Переслид, кои таму снимаа сцени за филмот “Предизвик”.

Со ова Русите го претркаа Том Круз, кој во соработка со НАСА планираше да го сними првиот игран филм во вселената.

- Advertisement -

Снимањето на филмот на вселенската станица помина во најдобар ред, при што екипажот на станицата целосно соработувал со руската филмска екипа на реализацијата на овој уникатен филмски проект.

Со оглед на тоа дека се се случуваше пет месеци пред инвазијата на Русија врз Украина, атмосферата на станицата била пријатна и сите астронаути доброволно му помагале на рускиот тим.

- Advertisement -

Филмот раскажува за млада докторка и хирург која во рок од најмногу еден месец треба да стигне на Меѓународната вселенска станица за да оперира некој член на екипажот и да му го спаси животите. Неговата ситуација е таква што при обидот да слета на Земјата би починал, па единствена опција е операција во вселената.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -