Последните неколку дена има се повеќе гласини за потенцијално претставување на нови модели на Realme телефони на настан закажан за 5 јануари. Иако спецификациите на телефоните нема да бидат лоши, она што привлече најголемо внимание е новата супербрза технологија за полнеќе од 240 W.
Новиот даптер има ознака SuperVOOC, која инаку е резервирана за полначи на компанијата Oppo, која е матична компанија на Realme. И двете компании имаат ист развоен тим, па останува да се види дали Realme ќе го смени името на полначот и кое име би го користела.
Покрај новите телефони, најавено е дека ќе биде претставен и полнач од 150 W, кој иако е послаб од другиот модел, сепак има импресивна брзина на полнење.
Оваа технологија за полнење веќе беше претставена на Мобилниот светски конгрес во Барселона минатата година како демо верзија и ниеден уред не беше најавен со можност за користење на таа технологија. Сепак, публиката можеше да се увери дека полначот од 240 W го полни телефонот за само 9 минути.
Сега кога ги знаеме и спецификациите за самиот полнач, како и за телефоните, познато е како е тоа возможно. Имено, двете ќелии на батеријата заедно ќе имаат капацитет од 4.600 mAh, додека самата снага на полначот од 20 A/12 V во телефонот ќе се распредели на два дела, па до секоја ќелија ќе стигнуваат 10 V/24 A.
Моментално рекордот за најбрзо полнење на телефон го држи компанијата Xiaomi со телефонот Redmi Note 12 Discovery, кој има полнач од 210 W.
(Klix.ba)
(фото: Pxhere)