Nike почнува да продава дигитални патики

- Advertisement -

Компанијата за спортска опрема Nike соопшти дека го купиле виртуелниот производител на патики со цел да го прошират своето влијание во брзорастечкиот мета универзум. Минатиот месец Nike стана еден од првите големи брендови кои влегоа во виртуелен свет. Тие го лансираа Nikeland, односно бесплатен 3Д простор во Roblox платформата за игри.

Компанијата RTFKT прави NFT токени, кои претставуваат незаменливи (non-fungible) токени, криптографски заштитен дигитален имот или вид на криптовалута. Тие овозможуваат да се продаваат различни предмети, појави, уметники дела и сл. преку механизми за дигитална трговија.

- Advertisement -

Оваа компанија е основана во 2000 година, а е специјализирана за дигитална мода и патики, но уште не е познато за колку пари ја купил Nike.

„Оваа аквизиција е уште еден чекор напред во дигиталната трансформација на Nike и ни овозможува да им служиме на спортистите и на креаторите таму каде што се вкрстуваат спортот, креативноста, игрите и културата“ вели Џон Донахо, претседател и извршен директор на Nike.

- Advertisement -

„Нашиот план е да инвестираме во брендот RTFKT, да ја служиме и да ја развиваме нивната иновативна и креативна заедница и да го прошириме дигиталниот отпечаток и можностите на Nike” додава тој.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Roblox)

Сподели!
- Advertisement -