Технологијата од филмот „Аватар“ може да помогне да се лекуваат ретки болести

- Advertisement -

Истражувачи ја користат технологијата за вештачка интелигенција користена во филмови како „Аватар“ за следење на развојот на болести кои влијаат на движењето, пишува BBC.

Новиот систем користи вештачка интелигенција за да ги анализира движењата на телото и да постави дијагноза двапати побрзо отколку докторите. Д-р Валенсија Рикоти, која е дел од тимот кој работи на новиот систем, за BBC велу дека била потполно изненадена од резултатите.

- Advertisement -

Ефектите кои може оваа технолгија да ги има врз поставувањето дијагнози и развојот на нови лекови се масивни, велат истражувачите. Системот се развивал 10 години и е тестиран на пациенти со Фридрих атаксија и Духен мускулна дистрофија во две посебни студии.

Професорот Алдо Фаисал од Империјалниот колеџ е еден од научниците кои дошле на оваа идеја и вели дека нивниот нов метод има многу предности во однос на традиционалните методи за дијагностицирање. Новиот метод детектира движења кои луѓето не можат да ги забележат и има способност да ги трансформира клиничките студии и да го подобри дијагнозите и мониторингот за пациентите. Исто така, има потенцијал да го забрза тестирањето на новите лекови и да ги намали трошоците за тоа.

- Advertisement -

Тоа ќе ја привлече фармацевстската индустрија да инвестира во ретки болести, а главниот бенефит ќе го имаат пациентите, затоа што технологијата ќе може да помогне побрзо да се развиваат нови третмани.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -