Ова се најбогатите сопственици на криптовалути

- Advertisement -

Во светот на криптовалутите богатството може да се стекне преку ноќ, а добитниците на оваа дигитална лотарија се разликуваат од оние кои се збогатиле за време на некои од претходните мании. Лудилото по криптовалутите привлече чудна група пионери: од борци за правата на приватност на Интернет и „рудари“ кои немилосрдно трошат струја до далекувидни финансиери од Силиконската Долина и купувачи на криптовалути кои едноставно имале среќа.

Bizlife го пренесува списокот на магазинот Forbеs со најбогатите луѓе во светот на криптовалутите. Броjките се засновани на проценки на фондовите на криптовалути, профитот од тргување со криптовалути и акции во компании.

- Advertisement -

1. Крис Ларсен
Соосновач на Ripple. Нето-вредност во криптовалути: 7,5 до 8 милијарди долари
57 години
Ларсен е претседател и поранешен извршен директор на Ripplе, компанија која на банките им овозможува меѓународни испати со blockchain технологија. Тој лично поседува 5,2 милијарди XRP, односно токени кои ги создаде Ripplе.

2. Џозеф Лубин
Соосновач на Ethereum, основач на ConsenSys. Нето-вредност во криптовалути: 1 до 5 милијарди долари
53 години
Овој Канаѓанец и поранешен функционер во Goldman-Sachs ја основаше blockchain платфромата Ethereum. Ја основаше и ConsenSys, гигант кој вработува 600 луѓе во 28 земји и помага да се основаат криптокомпании и да се стартуваат круптовалути.

- Advertisement -

3. Ченгпенг Жао
Извршен директор на Binance. Нето-вредност во криптовалути: 1,1 до 2 милијарди долари
41 години
За помалку од 7 месеци Жао ја основаше најголемата светска берза за криптовалути Binance. Додека ги собираше моменталните 6 милиони корисници Жао својата компанија за селеше во три држави избегнувајќи ги прописите кои би можеле да му ја загрозат работата.

4. Камерон и Тајлер Винклвос

- Advertisement -

Соосновачи на Winklvoss Capital. Нето-вредност во криптовалути: 900 милиони до 1,1 милијарди долари
36 години
Тајлер и неговиот брат Камерон се актери на една од најголемите приказни за повратници во САД. Во 2012 година купија биткоини, кога малкумина знаеја што ќе се случува со криптовалутата. Исто така, ја основаа њујоршката берза за криптовалути, која неодамна достигна 300 милиони дневни трансакции.

5. Метју Мелон 
Индивидуален инвеститор. Нето-вредност во криптовалути: 900 милиони до 1 милијарда долари
54 години
Кога наследи едно од најголемите банкарски богатства во САД, Мелон почна да се занимава со криптовалути. Една од првите кои го интересираа е XRP, криптовалутата на Ripрlе.

На листата се и:
Брајан Армстронг – 900 милиони до 1 милијарда
Метју Розак – 900 милиони до 1 милијарда
Ентони ди Орио – 750 милиони до 1 милијарда
Брок Пирс – 700 милиони до 1 милијарда
Мајкл Новограц – 700 милиони до 1 милијарда
Брендан Блумер – 600 до 700 милиони
Ден Лаример – 600 до 700 милиони
Валериј Вавилов – 500 до 700 милиони
Чарлс Хоскинсон – 500 до 600 милиони
Бред Гарлингхаус – 400 до 500 милиони
Бери Силберт – 400 до 500 милиони
Виталик Бутерин – 400 до 500 милиони
Тим Дрејпер – 350 до 500 милиони
Сонг Чи Хјунг – 350 до 500 милиони

Сподели!
- Advertisement -