Досега за најдобрите македонски е-трговци гласале повеќе од 4000 гласачи

- Advertisement -

За само неколку денови повеќе од 4000 граѓани гласaле за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – ‘Ecommerce Awards 2022’, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Макеоднија. Изборот за најдобрите е-трговци се организира по втор пат токму со цел да ја препознае и награди напорната работа на домашните е-трговци во изминатата година, да се подигне свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикне зголемување и подобрување на понудата во е-трговијата.

Право на глас има пошироката јавност, т.е. секое физичко лице. Секое лице може да гласа еднаш и при тоа, гласа во категории по сопствен избор и може да даде еден глас во секоја категорија. Категориите кои се задолжителни за гласање се: ‘Е-трговец на годината’ и ‘Најпопуларна е-продавница’, додека сите други категории се опционални. Гласањето од страна на публиката е бесплатно и е отворено до среда, 15.02.2022 до крајот на денот. Гласањето може да се направи на следниот линк.

- Advertisement -

По завршување на гласањето од публиката ќе следува гласање од внимателно оформената жири комисија која се состои од експерти во повеќе области и е составена за да допринесе во изборот на најдобрите е-трговци во сите категории, освен за категоријата ‘Најпопуларна е-продавница’ во која наградата ќе се додели единствено врз основа на бројот на гласовите од публиката.

Одредувањето на победниците за сите категории, освен за категоријата “Најпопуларна е-продавница”, ќе се изврши врз основа на утврдена методологија за пресметка земајќи ги превид гласовите од јавноста и жири комисијата, при што поените од публиката (јавноста) ќе се вреднуваат со 40%, додека поените од жири комисијата со 60%. Секој финалист ќе добие вкупен број на поени кои ќе го одредат неговото рангирање во соодветната категорија.

- Advertisement -

“Оваа година за натпреварот се пријавија повеќе од 150 компании во 23 категории и навистина нѐ радува фактот што е-трговците сакаат да бидат препознаени како најдобри во соодветните категории. Ги охрабруваме сите онлајн купувачи и корисници на е-услуги да гласаат за своите фаворити со што ќе придонесат да се изберат најдобрите македонски е-трговци за 2022 година. Гласањето може да се направи за номинираните е-продавници од областа на: облека и обувки, бела техника и електроника, убавина и здравје, туристички услуги, намирници и многу други категории. Дополнително,  јавноста може да гласа и за најдобра веб страница за плаќање сметки онлајн во која се номинирани 8 компании, како и за најдобро владино решение од областа на онлајн услуги во кое се номинирани 7 решенија на владини институции. “ – велат од АЕТМ.

Инаку, процесот за наградување на најдобрите е-трговци започна со номинирање на е-трговците на официјалната веб страница на натпреварот и траеше до 13ти јануари.  Најмногу од компаниите се пријавени за категориите ‘Е-трговец со најдобра грижа за корисници’, ‘Е-трговец на годината’, ‘Најпопуларна е-продавница’, како и ‘Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми’. По завршувањето на рокот за пријавување, сите пријави беа внимателно проверени и оние е-трговци кои ги исполнија условите на натпреварот се објавени на листата на номинирани во соодветните категории на официјалната веб страница на E-commerce Awards.

- Advertisement -

Иницијативата “E-commerce Awards” е поддржана од Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија во рамки на Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, по нарачка на Германската влада. Генерален партнер на иницијативата е Мастеркард, златен партнер е Комерцијална банка АД Скопје и сребрен партнер е IuteCredit Македонија.

Сподели!
- Advertisement -