Десет закони за маркетинг на социјалните медуми

- Advertisement -

Искористете ја моќта на содржините и маркетингот на социјалните медиуми и помогнете си да ја зголемите публиката и корисничката база на драматичен начин. Но, навистина е предизвик да започнете тукутака без никакво претходно искуство или познавање. Многу е битно да ги разберете основите на маркетингот на социјалните медиуми. Од максимум квалитет до „лајковите“ на објавите, следете ги следните 10 „закони“ за да изградите солидна корисничка база, да ги задоволите корисниците и да го растете брендот.

1. Закон на слушање
Успешниот маркетинг на социјалните медиуми и контент маркетинг се базира на повеќе слушање, а помалку зборување. Читајте ги содржините на публиката онлајн и приклучете се во дискусиите за да дознаете што им е битно. Само така ќе креирате содржини и ќе поттикнете разговори кои имаат додадена вредност.

- Advertisement -

2. Закон на фокусирање
Подобро е да се специјализирате отколку да бидете „сезнајко“. Стратегијата на високо фокусирани маркетинг на социјалните медиуми има за цел да изгради силен бренд и има подобри шанси да успее отколку една сеопфатна стратегија која се обидува да допре до сите аспекти од животот на луѓето.

3. Закон на квалитет
Квалитетот е побитен од квантитетот. Подобро е да имате 1.000 онлајн следбеници кои читаат, споделуваат и разговараат за вашите содржини отколку да имате 10.000 кои ги снемува откако ќе почнат да ве следат.

- Advertisement -

4. Закон на трпение
Успехот на социјалните медиуми и контент маркетингот не доаѓаат преку ноќ. Иако може некој да има луда среќа, поверојатно е дека мора да се посветите на подолг рок ако сакате резултати.

5. Закон на мултиплицирање
Доколку објавите нешто квалитетно и работите на стекнување на довербата на онлајн публиката, тие ќе ги споделуваат содржините на Twitter, Facebook, LinkedIn, на сопствените блогови итн. Споделувањето и дискутирањето за содржините отвора нови поими за пребарување на Google. Тоа пребарување потоа може да отвори стотици или илјадници начини за луѓето да ве најдат онлајн.

- Advertisement -

6. Закон на влијание
Одвојте време за да ги најдете онлајн инфлуенсерите за вашиот пазар кои имаат добра публика и се заинтересирани за вашите производи, услуги и бизнис. Поврзете се со нив и градете ги односите со нив. Доколку ве сметаат за авторитетен и интересен извор на корисни информации, можеби ќе споделат некои ваши содржини со нивните следбеници.

7. Закон на вредности
Доколку онлајн директно ги промовирате своите производи и услуги, луѓето ќе престанат да слушаат. Мора да додадете вредност на комуникацијата. Фокусирајте се помалку на разговорите и повеќе на креирање неверојатни содржини и развивање на односите со онлајн инфлуенсерите. Со тек на време тие луѓе ќе станат моќен фактор на маркетинг „од уста на уста“ за вашиот бизнис.

8. Закон на признавање
Не би ги игнорирале сите што ќе се обидат да ве контактираат во живо, па не ги игнорирајте тие што ве контактираат онлајн. Градењето односи е еден од најбитните аспекти на социјалните медиуми, па затоа оддадете почит кон секој што ќе се обиде да ве контактира.

9. Закон на пристапност
Не објавувајте содржини и потоа да исчезнете. Бидете достапни за вашата публика. Тоа значи дека постојано треба да објавувате содржини и да учествувате во разговори. Следбениците онлајн може да бидат брзи и нема да се мислат да ве заменат доколку ве снема со недели или месеци.

10. Закон на реципроцитет
Не можете да очекувате другите да ги споделат вашите содржини и да разговараат за нив доколку вие не го направите истото за нив. Затоа, дел од времето поминато на социјалните медиуми потрошете го на споделување и дискусија за туѓи содржини.

(Entrepreneur)

Сподели!
- Advertisement -