Раст на обновливите извори на енергија во производството на електрична енергија во ЕУ за 3,8%

- Advertisement -

Во третиот квартал од 2025 година, 49,3 проценти од нето произведената електрична енергија во Европската Унија потекнува од обновливи извори на енергија, што претставува зголемување од 3,8 проценти во споредба со 47,5 проценти регистрирани во истиот квартал од 2024 година.

Меѓу земјите од ЕУ, во третиот квартал од 2025 година, Данска имаше најголем удел на обновливи извори во нето произведената електрична енергија, со 95,9 проценти, по што следуваат Австрија (93,3 проценти) и Естонија (85,6 проценти), објави Европскиот завод за статистика – Евростат. Најмал удел на обновливи извори е забележан во Малта (16,6 проценти), Чешка (19,7 проценти) и Словачка (21,1 процент).

- Advertisement -

Во 21 земја од ЕУ, учеството на обновливите извори на енергија во нето производството на електрична енергија се зголеми во третиот квартал од 2025 година. Најголемо зголемување на годишно ниво е забележано во Естонија (20,6 процентни поени (п.п.)), Латвија (18,9 п.п.) и Австрија (16,3 п.п.).

Поголемиот дел од електричната енергија произведена од обновливи извори доаѓа од сончева енергија (38,3 проценти), енергија од ветер (30,7 проценти) и хидроенергија (23,3 проценти), проследено од согорливи обновливи горива (7,2 проценти) и геотермална енергија (0,5 проценти).

- Advertisement -

Фото – Wikimedia

Сподели!
- Advertisement -