Електронска тетоважа потта ја претвора во енергија за полнење батерии

- Advertisement -

Тим од инженери со седиште во Универзитетот Калифорнија во Сан Диего развија ќелии кои можат да издвојат енергија од потта и на тој начин да ги напојуваат електроснките уреди. Станиците за кои истражувачите велат дека произведуваат 10 пати повеќе енергија по површина од које било постојно биогорвио моментално се тестираат на низа различни уреди како паметни часовници.

Ова откритие би било најзначајно за пазарот на преносни уреди како фитнес белегзии и паметни часовници кои луѓето ги употребуваат во разни спортски активности како што се планинарење, трчање и возење со велосипед, но истовремено сакаат да ги користат функциите за автоматско следење на сонот без да мора да го отстранат уредот ноќе.

- Advertisement -

За да ги тестираат епидермалните станици истражувачите ги поврзаа на плоча налик на електронска тетоважа и со тоа покажаа дека оваа направа може да полни LED уред цели 4 минути, односно се додека некој вежба на статичен велосипед.

Станиците се опремени со ензим кој ја оксидира млечната киселина во потта за да создаде струја, со што потта се претвора во извор на енергија, а кружната плоча делува како претворач кој обезбедува доследен извор на напојување.

- Advertisement -

Бидејќи истражувачите работат на силни станици кои се полнат со биогориво, ќе можат да ја зголемуваат густината на енергијата која ја произведува секоја станица, со што во иднина ќе може да се полнат различни енергетски уреди. Со оглед на тоа дека постојано се зголемува бројот на преносни уреди, ова истражување е од големо значење и голем чекор напред за сите производители, како и за корисниците на паметни преносни уреди.
(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -