Citroen го претстави својот електричен автомобил Ami кој ќе чини само 6.000 евра

- Advertisement -

Citroen минатата година го претстави концепт возилото Ami One, интересен мал автомобил наменет за двајца патници кој е едно од решенијата за т.н. урбана мобилност. Тогаш не беше познато дали концептот ќе заживее, но неделава Citroen ја објави неговата конечна верзија и некои мали промени во однос на првично претставениот модел.

Во видеото кое го објавија на YouTube од француската компанијата објаснуваат дека електричните возилa се еден од начините за борба против климатските промени, но проблемот е во тоа што се премногу скапи и ретко кој може да си ги дозволи.

- Advertisement -

Нивниот Citroen Ami е направен токму затоа за електричните возила да се приближат до поголем број луѓе на кои им е потребно мало градско возило со кое ќе може дневно да поминат десетина километри. Главната карактеристика на Ami е токму неговата цена, додека перформансите се во втор план, а бидејќи станува збор за помалку моќно возило, во некои земји ќе можат да ги возат и деца од 14 или 16 години.

Овој автомобил е комбинација од мал автомобил и затворен ромобил, со батерија од 5,5 kWh, која би требало да издржи околу 70 км возење. Јасно едека таквата батерија нема да ве одвезе далеку, но за секојдневно возење во градски услови е повеќе од доволна. Што се однесува на полнењето, доволно е да се приклучи во обичен штекер и ќе биде наполнета за 3 часа. Максималната брзина на движење на Ami е 45 км/ч.

- Advertisement -

Првите нарачки за Ami Citroen ќе почнат кон крајот на март, а на француските патишта ќе стигне на крајот на јуни. Иако автомобилот може да се купи за 6.000 евра, Citroen ви дава можност со учество од околу 2.600 евра возилото да го дадете на двегодишен наем од 20 евра месечно.

Сподели!
- Advertisement -