Паметната јакна на Google и Levi’s ќе почне да се продава идната недела

- Advertisement -

Levi’s креираше футуристичка јакна која не само што ќе ве затопли туку е како продолжена рака на вашиот мобилен телефон. Јакната е дизајнирана со помош на Google и користи висока технологија за да се конектира со паметен телефон. Доколку само го протриете ракавот на јакната можете да паузирате или да прескокнете песна или да ги активирате Google maps без да го вадите телефонот. Јакната беше најавена уште од март годинава и конечно ќе дојде во рацете на консументите од САД кои нетрпеливо ја чекаа преку страницата на Levi’s. Јакните ја содржат технологијата Jacquard, која го носи името по Французинот кој измислил едeн вид разбој. Изгледа како обична јакна, но во неа има еден куп жици. Има и ЛЕД светилка и вибрации на ракавот кои се активираат кога ви ѕвони мобилниот телефон или ви стигнала некоја порака.

Јакната ќе чини околу 350 долари. Го носи името Commuter Trucker Jacket и е дизајнриана за луѓе кои постојано се во движење и немаат време да застанат и да го проверуваат телефонот или паметниот часовник.

- Advertisement -

(Daily Mail)

Сподели!
- Advertisement -