Корејски научници открија како двојно да им го зголемат капацитетот на батериите

- Advertisement -

Електронските уреди кога батеријата ќе им се наполни опокажуваат дека имаат 100% капацитет, но всушност тоа не е така. Батериите во нив кои треба да имаат 100% капацитет всушност се на 70%-90% капацитет од теоретската густина на енергијата која може да се складира во нив, што е последица на трајното губење на литиумските јони, што се јавува во текот на првичното полнење и во фазата на стабилизација на батеријата при производството.

Со спречување на тоа губење на литиумските јони драстично се зголемува автономијата на движење на електричните возила, како и должината на работата на електронските уреди како паметните телефони. Во настојување да се реши тој проблем тим од корејски научници од корејскиот Институт за наука и технологија, Центарот за истражување на складирана енергија и Центарот за истражување на ќелии на водородно гориво, развија раствор со кој се третираат електродите од батериите во просецот на производство и се спречува почетното губење на литиумските јони во гафит-силисиум-оксидните композитни аноди.

- Advertisement -

Откако ја потопиле во растворот, анодата која е составена од 50% силициум оксид покажала занемарливо губење на јоните, што овозможило батеријата да оствари речиси совршена енергетска густина. Додека најголем дел од комерцијалните литиумски батерии користат графитна анода, анодата од силициум-оксид почна да добива значително внимание како материјал за идните генерации аноди поради големиот енергетски капацитет, кој е 5-10 пати поголем од графитот.

Електродата после полнењето покажала занемарливо губење на литиумските јони при првото полнење – помалку од 1%. Батериите произведени со оваа метода имале 2,6 пати погголем капацитет од батериите со вообичаените графитни аноди, додека истовремено задржале високи 87,3% од почетниот капцитет после 250 цисклуси на празнење/полнење.

- Advertisement -

Студијата за ова истражување е објавена во научното списание Journal of the American Chemical Society.

(EureAlert)

- Advertisement -

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -