750 работодавци открија каков е идеалниот кандидат за работа

- Advertisement -

Glassdoor е најголемиот сајт за барање работа во светот. Тој спроведе истражување во кое учествуваа 750 менаџери кои се дел од носењето одлуки за вработување во САД и во Велика Британија. Тие го дадоа своето мислење за тоа кои вештини би требало да ги има идеалниот кандидат.

Резултатите покажаа дека 88% од менаџерите се согласуваат дека информираниот кандидат е квалитетен кандидат. Информираниот кандидат со самотот тоа што се снабдил со информации за компанијата и за позицијата го олеснил процесот на селекција.

- Advertisement -

Информираниот кандидат е:

-подготвен за интеврју и поставува релевантни прашања

- Advertisement -

-демонстрира вистинско искуство

-ја знае и ја разбира улогата на работната позиција

- Advertisement -

-ја знае и ја разбира културата и вредностите на работната организација

-подготвен и има реални очекувања за платата

-има соодветна кратка биографија и мотивациско писмо.

Задачата на тој што бара работа е да се издвои од мнозинството. Кратката биографија  е таа која го идвојува од топлата. Исто така, биографијата ќе ве донесе до интервјуто за работа, а пред да се соочите со работодавецот, според сајтот Glassdoor, би требало да направите мало истражување на компанијата и работната позиција. Додека, на разговорот за работа треба да:

-укажете на предностите и мааните на компанијата и како вие ќе придонесете за напредок на фирмата

-преговарате за позицијата

-поставувате вистински прашања.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -