Ikea направи внатрешна фарма каде растенијата растат трипати побрзо отколку во градина

- Advertisement -

Ikea е позната своите маси, шанкови, шкафови итн. Сега производителот на мебел експериментира со производи кои на луѓето ќе им овозможат да јадат свежа храна. Space10, лабораторијата за иновации на Ikea, дизајнираше прототип на мини-фарма каде што може да се огледуваат растенија Мини-фармата се вика Lokal и работи со хидропонски систем. Растенијата и тревките растат под ЛЕД светло во кутија со контролирана клима. Space10 за прв пат го претстави уредот во септември на London Design Festival. На ваков начин растенијата растат трипати побрзо отколку во градина надвор. Според тимот на Space10, Lokаl користи 90% помалку вода отколку обична градина. Мајкл Лакур, менаџер на IKEA Food Services, изјави дека Lokal треба уште да се развива пред да почне да се продава. Тимот на Space10 работи на ддавање сензори за корисниците да можат да го следат растењето на растенијата со Google Home. Со помош на машинско учење сензорите ќе им помогнат на градинарите да дознаат како да го поправат процесот на растење.

(Business Insider)

Сподели!
- Advertisement -