Директорот на LinkedIn порачува: Ова се трите трендови кои ќе го дефинираат пазарот на труд!

- Advertisement -

На конференција во Нешвил директорот на LinkedIn, Џеф Винер, со публиката го сподели своето видување на најбитните трендови кои влијаат на глобалниот пазар на труд

„Постојат три главни теми кои е битно да се споменат. Тоа се вештачката интелигенција и автоматизацијата, јазот меѓу вештините и побарувачката и подемот на независната работа“ вели Винер.

Еве подлабока анализа на секој од овие фактори.

- Advertisement -

1.Вештачка интелигенција и автоматизација

Многумина веруваат дека вештачката интелигенција има можност да автоматизира милиони работни места, но тоа ќе се случи некој ден во иднина. Сепак, Винер открива друга статистика: користејќи ја само технологијата која постои денес повеќе од 50% од активностите во стопанството во САД се подложни на автоматизација. Секако дека оваа бројка ќе расте со тек на време. Производството, услугите врзани за храната, стоковната индустрија се гранки се најподложни на промени.

- Advertisement -

2. Јаз меѓу вештините и побарувачката

Во Америка статистиката вели дека има повеќе од 6 милиони непополнети работни места и 7,1 милиони луѓе кои се невработени. Главната причина за тоа е јазот којшто постои меѓу вештините што ги поседуваат и побарувачката. На пример, се повеќе автомобили имаат вграден сложен софтвер, па побарувачката за софтверски инженери е се поголема. Но, дали има доволно образувани и добри софтверски инженери? Тоа е вистинското прашање.

- Advertisement -

3. Независни вработени –  freelancer

Третиот голем тренд е подемот на бројот не независни вработени, односно freelancers. Само во Америка има повеќе од 60 милиони независни вработени, а тој број продолжува да расте. Според Винер, причините за тоа се следните:

-миленијалците настапуваат на глобалниот пазар на труд. За нив е многу битно да се автономни, како и самостојно да управуваат со времето и независноста.

-раст на онлајн пазарот: повеќето луѓе работат со помош на Интернетот и компјутер. А кога работите преку Интернет можете да работите од кое било место во светот. Зошто тогаш да седите во канцеларија од 9 до 17 часот?

-намалување на трошоците: за компаниите е поевтино да направат договор за авторски права, на пример, отколку договор на неопределено време. Не мора да обезбедуваат опрема и канцеларија, а и тоа им ги намалува трошоците.

Од друга страна, независните работници работат за повеќе компании одеднаш. Според Винер, ова е неповратен тренд.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -