Овие метрополи имаат најмногу дрвја во светот

- Advertisement -

Глобално движење ги поттикнува градовите да садат повеќе дрвја и да планираат повеќе паркови. Но, кои градови во светот имаат најмногу зелени површини? За да го дознаат тоа од МИТ соработуваа со Светскиот економски форум за да ја креираат Treepedia, односно сајт со интерактивни мапи кој ја покажува густината на зеленилото во најголемите градови во светот.

Истражувачите користеа податоци од Google Street View за да го креираат Green View Index, односно рангирање на градовите според процентот од површината кој е покриен со зеленило базирано на снимки од воздух. Проектот беше лансиран во 2016 година и на Treepedia имаше само 10 градови, но оттогаш тимот додаде уште 13 на листата. Целта на Treepedia е да го направи урбаното планирање подостапно за сите кои не се занимаваат со тоа поле. Еве кои градови моментално се на листата.

- Advertisement -

15. Тел Авив, Израел — 17.5%

14. Бостон, Масачусетс — 18.2%

- Advertisement -

13. Мајами, Флорида — 19.4%

12. Торонто, Канада — 19.5%

- Advertisement -

11. Сиетл, Вашингтон — 20%

10. Амстердам, Холандија — 20.6%

9. Женева, Швајцарија — 21.4%

8. Франкфурт, Германија — 21.5%

7. Сакраменто, Калифорнија — 23.6%

6. Јоханесбург, Јужна Африка — 23.6%

5. Дурбан, Јужна Африка — 23.7%

4. Кембриџ, Масачусетс — 25.3%

3. Ванкувер, Канада — 25.9%

2. Сиднеј, Австралија — 25.9%

1. Сингапур — 29.3%

Се очекува до 2030 година градот уште повеќе да го зголеми зеленилото. Целта е 85% oд жителите да имаат парк во близина на 400 метри од нив.

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -