До 2018 година Google ќе користи 100% обновлива енергија

- Advertisement -

По 10 години карбонски неутрална компанија Google најави дека сите податочни центри и сите канцеларии на компанијата ќе користат 100% обновлива енергија до 2018 година. Корпоративниот гигант брзо напредува кон остварување на оваа цел, која си ја зададе во 2016 година. Во својот извештај Environmental Report за 2017 година, Google објави дека откриле нови модели на добивање енергија кои ќе можат да ги користат и други компании и ќе помогнат за глобално прифаќање на чистата енергија.

Брзото префрлање на Google на чиста енергија е добро не само за влијанието на компанијата врз други компании од целиот свет туку и поради големата потрошувачка на енергија на Google, која барем во 2015 година потроши исто енергија колку целиот град Сан Франциско. Во рамките на фокусот на одржливост Google лансираше ииницијатива за поставување сензори за квалитет на воздухот во возилата на Google Street View и планира да ги смени системите за менаџирање со отпад за воопшто да не креира отпад кој ќе заврши на депонија. Половина од 14 податочни центри на компанијата веќе го постигнаа тоа.

- Advertisement -

Најголем дел од обновливата енергија Google ја добива од надворешни снабдувачи. Сепак, компанијата прави големи чекори за сама да произведува дел од енергијата, а во рамките на тие планови спаѓа и аквизицијата на фармата на ветар Tellenes во Норвешка. Договорот е склучен на 12 години на компанијата треба да и обезбеди 100% обновлива енергија за податочните центри во Финска, Белгија, Холандија и во Ирска.

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -