Милијардерот Џек Ма откри која уникатна вештина ви е потребна за да успеете во ерата на машините

- Advertisement -

Џек Ма, претседателот на групацијата Alibaba, говореше на Глобалниот бизнис форум на Bloomberg во сптември годинава во Њујорк. Челници на држави и интернационални бизнис лидери се сретнаа таму за да дискутираат за глобални прашања и предизвици за економскиот раст. Дебата на форумот со години е фиксирана на тоа што определува дали ќе имате успешна кариера – коефициентот на интелигенција (IQ) или емоционалната интелигенција (EQ).

Луѓето со висока емоционална интелигенција знаат подобро да работат со други луѓе, било да се тоа клиенти, шефови, соработници, продавачи итн.  и знаат да ги разберат луѓето и нивните емоции. IQ, пак, е високо познавање на многу теми, такво знаење кое ви треба за повеќе да учите, да паметите, полесно да се фоксуирате и да решавате проблеми.

- Advertisement -

Сепак, на Глобалниот бизнис форум на Bloomberg, Џек Ма не говореше за IQ ни за EQ туку за LQ. Тој тогаш пораќа дека ако сакае да ве почитуваат, мора да имате LQ. Се прашувате што е LQ? Тоа е коефициент на љубов, кој машините никогаш нема да го имаат. Џек Ма верува дека без разлика на тоа колку ќе станат паметни машините, најголемите проблеми во светот нема да ги решаваат машините туку луѓе кои имаат способност за сочувствување, разбирање и се разбира, за љубов. Според него, тоа е тајното оружје на луѓето кое ќе надвладее над машините и ќе го движи светот.

„Машините немаат срце, тие немаат душа и не знаат што е верба. Луѓето имаат душа, имаат верба, имаат вредност. Ние сме креативни, ние можеме да ги контролираме машините“ порача Ма.

- Advertisement -

 

Тој објасни дека високиот коефициент  LQ е најдобриот метод за адаптирање на нов начин на водење бизнис. „Можете да станете машина за правење пари, но каква корист од тоа? Доколку не придонесувате за остатокот од светот, вие немате LQ…” вели Ма. Според него, доколку некој има висок коефициент на интелигенција IQ и висока емоционална интелигенција EQ, но нема LQ, него никогаш никој нема да го почитува.

- Advertisement -

(Inc.com)

Сподели!
- Advertisement -