Шест бизнис книги кои треба да ги прочитате во 2020 година

- Advertisement -

Ако барате совети за претприемништво и инспирација, еве шест бизнис книги кои треба да ги додадете на својата листа за годинава.

Growth: From Microorganisms to Megacities, Вацлав Смил

Бил Гејтс за него вели дека е научен и плоден автор, еден од неговите омилени. Последната книга на Вацлав Смил зборува за развојот на сите полиња – од малите животни форми до глобалната економија.

- Advertisement -

Mindset: The New Psychology of Success, Керол Двек

Двек е психолог на Стенфорд и е креатор на кованицата „фиксиран ментален склоп“, односно теоријата дека способностите и интелигенцијата се вродени, како и терминот „ментален склоп на растот“, односно теоријата дека со напорна работа може да се развиваат способностите. Сатја Недела, извршниот директор на Microsoft, вели дека овој концепт му помогнал да ја смени културата во компанијата.

- Advertisement -

Why We Sleep: Unlocking the Power of Sleep and Dreams, Метју Вокер

Спиењето, како и потребата за сон долго време е тема меѓу претприемачите. Книгата на Вокер, исто така препорачана од Бил Гејтс, објаснува како влијае спиењето на мозокот и на телото и како да ја подобрите хигиената за сон заради подобро здравје, креативност и продуктивност.

- Advertisement -

Leadership Is Language: The Hidden Power of What You Say–and What You Don’t, Л. Дејвид Маркет

Маркер е поранешен командант во американската морнарица и ги советува бизнис лидерите да ги унапредат своите вештини за комуникација. Според Маркет, дури и малите промени во начинот на комуникација може да доведат до унапредување на вработените и до зголемување на продуктивноста.

Think Like a Rocket Scientist, Озан Варол

Варол е поранешен инженер по воздухопловство. Тој тврди дека секој може да ја користи стратегијата на науката за ракети за решавање на проблемите. Психологот Адам Грант оваа книга ја нарече одлично четиво преполно со акција.

The Innovation Stack, Џим Мекевли

Мекевли е соосновач на стартапот Square. тој ја раскажува приказната за основањето на компанијата и како го победиле конкурентскиот производ на Amazon кој бил лансиран веднаш после нивниот. Авторот во книгата открива дека клучот на успехот е старегијата која ја нарекува „иновациски куп“. Книгата опишува и како Squere и други компании постигнале успех благодарение на таа стратегија.

Сподели!
- Advertisement -