(ВИДЕО) Microsoft изгради куќички на дрво за да ја разбуди креативноста кај вработените

- Advertisement -

Microsoft изгради необични места за состаноци надвор во природа, меѓу кои и две куќички на дрво и „гнездо“ наречено Crow’s Nest („Гнездото на враната“). Од компанијата велат дека овие нови работни средини добро ќе им дојдат на вработените. Ова нивно верување потeкнува од направеното истражување чии резултати покажуваат дека работата во природа ја поттикнува креативноста, фокусот и ја зголемува среќата.

Според еден од одговорните луѓе за проектот, првото нешто што се забележува кога ќе се влезе во куќичките на дрво е дека сите се тивки. Прекинуваат да зборуваат и едноставно се присутни во моментот. Фасцинантно е како луѓето ја апсорбираат природата и тоа ја менува нивната перцепција за работата и како ќе ја завршат работата.

- Advertisement -

Куќичките се поставени на околу 4 метри од земја, имаат дрвени ѕидови и покрив со светларник. Вратата е дрвена, рачно резбана и се отвора со картичка. Куќичките се направени така што ќе се прошируваат и ќе се менуваат како што растата дрвјата, а ќе траат најмалку 20 години.

(PSFK)

Сподели!
- Advertisement -