Kaspersky Lab добитник на платинеста награда за најдобра платформа за заштита на крајните корисници

- Advertisement -

Customer Choice Awards for Endpoint Protection Platforms (EPP) на Gartner е рангирање на продавачите на платформи за заштита од страна на професионални крајни корисници, земајќи го предвид бројот на оценки од крајните корисници и вкупното рангирање според корисниците. По објавувањето на годинашното рангирање, од Gartner изјавија дека во оценките не се вклучени сите коментари и оценки објавени од корисниците на сајтот. По понатамошна анализа на оценките, Kaspersky Lab е добитник на платинестата награда на 2017 Gartner Peer Insights Customer Choice Awards for EPP. По него следуваат Symantec со златна награда, Cylance со сребрена награда и ESET со бронзена награда. Платинестата награда е највисокото одликување.

Платформите за заштита на крајните корисници (EPP) нудат повеќе опции за заштита на копјутерите, паметните телефони и таблетите. EPP се интегрирано решение со следните можности: анти злонамерен софтвер, личен firewall, контрола на приклучоци и н уреди. Освен тоа што се борат против злонамерен софтвер, модерните EPP решенија сега вклучуваат и опции за заштита на податоци, како екрипција на дискови и документи, спречување на губење податоци и контрола на уреди. Повеќе информации за добитниците на награди може да се најдат на страницата на Gartner Peer Insights Customer Choice Awards for Endpoint Protection Platforms.

- Advertisement -

„При анализата на оценките од корисниците тешко е за ИТ експертите да балансираат со бројот на оценки наспрема целосниот рејтинг на компанијата. Gartner Peer Insights Customer Choice Awards имаат за цел да им помогнат на крајните корисници да донесат одлука кое решение е најдобро за нив. Се трудиме сите тие оценки да ги разгледа ИТ експерт или бизнис корисник кој имал искуство со купување, имплементација и.или користење на решението на кое се однесуваат оценките, се разбира, без конфликт на интереси” вели Кен Дејвис, извршен потпретседател на Одделот за производи и услуги во Gartner.

Критериумите врз основа на кои се доделуват наградите се следните:

- Advertisement -
  • продавачот мора да има најмалку еден производ назначен од аналитичари на Gartner како релевантен за пазарот;
  • продавачот мора да има најмалку 50 оценки објавени на пазарот во периодот на поднесување пријави;
  • објавените оценки мора да бидат одобрени од Gartner, да немаат конфликт на интереси и да го поминат процесот на модерирање;
  • платинестата, златната сребрената и бронзената награда ќе бидат доделени на топ 4 продавачи врз основа на алгоритамски оценки кои ги исполнуваат овие услови:
    • максимум 75% од оценките да се надвор од Северна Америка;
    • максимум 75% од оценките да се од една индустрија;
    • максимум 50% од оценките да се од крајни корисници кои не се претпријатија.

KABTEL DOOEL е овластен дистрибутер за Kaspersky антивирусните програми во Македонија.

Сподели!
- Advertisement -