Не дозволувајте парите да ви бидат пречка за започнување на бизнис

- Advertisement -

Ако парите ви се единствената пречка кон остварување на вашиот сон, истражете – можеби ќе пронајдете повеќе можности отколку што сте очекувале

Повеќето професионалци размислувале за можноста да станат претприемачи, но не сите се одлучиле на таков чекор.

Една од причините е тоа што луѓето сметаат дека започнувањето бизнис бара многу време и пари, нешта кои тие не можат да си ги дозволат во моментот. Но овде сепак преовладува проблемот што тие мислат дека ќе го имаат со парите. Или сметаат дека немаат доволно за да започнат бизнис или се плашат од ризиците кои доаѓаат со инвестирање на парите.

- Advertisement -

Ако финансискиот аспект е и вашата главна кочница за да станете претприемач, имајте ги предвид следниве нешта.

  1. Може да се заштеди доколку се вложи време

Одредени аспекти од водењето бизнис можат да се завршат без вложување на пари, но со вложување на време. На пример можете да платите маркетинг агенција која ќе биде задолжена за рекламирање на вашиот бизнис или можете сами да научите како да го правите тоа. Не значи дека мора да ангажирате некого, туку вие да преземете некои од маркетинг обврските.

- Advertisement -

Точно е дека вие ја немате целата експертиза и ќе се соочите со потешкотии, но сепак можете да се обидете.

  1. Голем дел од онлајн нештата се бесплатни

Не заборавајте го огромниот број на ресурси и можности кои се достапни онлајн и тоа бесплатно. Можете да направите веб страна бесплатно користејќи алатки како Wix или WordPress, а резултат пак ќе изгледа професионално. При тоа имајте ги предвид и социјалните мрежи.

- Advertisement -

Токму социјалните мрежи се места каде што можете да допрете до целната група, да објавувате новости и настани. Интернетот е полн со информации и бесплатни ресурси, па доколку парите се проблем, искористете ги.

  1. Постојат многу извори за почетен капитал

Доколку истражете добро, ќе откриете дека денес постојат неколку можности за добивање на почетен капитал за вашиот бизнис. Ако сте спремни да се збогувате со еден дел од сопственоста на бизнисот тогаш можете да остварите соработка со бизнис ангели или фондови на ризичен капитал кои ќе ви обезбедат почетна финансиска инјекција.

Ако бизнисот се фокусира на нешто допирно односно на некој производ, би можеле да ги искористете и платформите за групно финансирање како Kickstarter.

Ако пак имате роднини и пријатели кои веруваат во вашата идеја, секогаш можете да ги прашате да ви бидат партнери. Значи постојат повеќе можности само треба да размислите во која се пронаоѓате.

  1. Почетната добивка треба да е доволно за функционирање на бизнисот

Откако бизнисот ќе почне да креира добивка, би требало да имате се’ што е потребно за истиот да функционира како што треба. Ако на почетокот бизнисот не ви дава плата што би значело дека го инвестирате вашето време во него бесплатно, тогаш добивката која ја остварувате искористете ја за внатрешен развој.

  1. Пополнете ги „дупките“ со заем

Ако се’ уште имате проблем со парите или пак сте почнале добро па сте наишле на финансиска пречка, не исклучувајте ја можноста да земете заем. Земањето на кредит е релативно лесно и може да ви ги обезбеди парите со кои би го надминале тешкиот период.

Фактот дека парите можат да бидат пречка за започнување на бизнис е неспорен. Напротив, добро е тоа што сте фискално одговорни за да ги разгледате можностите за претприемништво. Како и да е, парите не се решението за секој проблем, а започнувањето на сопствен бизнис може да бара многу помалку пари отколку што очекувате.

(entrepreneuer.com)

 

 

Сподели!
- Advertisement -