Предности за компаниите ако работењето е забавно за вработените

- Advertisement -

Преку негување на забавна корпоративна култура, овој мал бизнис создал одлично корисничко искуство и подобро менаџирање на својата работа сила. 

„Секоја компанија гради своја корпоративна култура. Прашањето е дали тоа се случува со намера и дали ќе биде препознатливо. Корпоративната култура треба да одговара на вашите бизнис цели.“, објаснува Хајнан Ланда за Inc., кој е извршен директор на IT компанијата Optimal Networks каде изградиле корпоративна култура во која уживаат вработените од кои 65% работат со флексибилно работно место.

Нивната култура е изградена врз основа на три постулати: секогаш да се кажува вистината, да се постапува правилно и секој да има корист и предност од работењето. Ова последново значи дека секој кој ќе има некаква интеракција со Optimal Networks, на крајот мора му биде подобро поради искуството со компанијата.

- Advertisement -

Притоа, треба да се има предвид дека вредностите на една компанија не се дефинираат, туку се откриваат. Лидерскиот тим во компанијата може да биде со еден сет на вредности кој ќе остане ист од самиот процес на вработување на кандидатите, па до интеракцијата со клиентите до крај.

Корпоративната култура е лепилото што ја држи работната сила сплотена

- Advertisement -

Дел од културата е да се има традиции. Секој петок наутро, тимот во Optimal Networks заедно подготувува појадок во кујната во канцелариите. Исто така, иако голем дел од вработените не мораат да доаѓаат до канцелариите за да си ја вршат работата Ланда има поставено барање дека тие треба барем да живеат на возечка оддалеченост за да можат секој петок да бидат таму за појадокот и останати тим билдинг активности.

Компанијата исто така одржува летни излети, забави за празници, happy hours и два годишни настана наречени „духовни денови на компанијата“. Ова вклучува заедничко пловење со бродче на тимот, планинарење, одење во забавни паркови.

- Advertisement -

Исто така, компанијата редовно слави јубилеи на вработените, па кога одреден член на тимот ќе наполни десет години од своето работење во компанијата, целиот тим оди на заедничка вечера. Славеникот добива персонализирана јакна во боите на компанијата.

Не срамете се од вашата корпоративна култура

Тимот на Optimal Networks е толку горд на својата корпоративна култура што постојано споделува со своите клиенти кога организира настани од тренинзи за вработените до прослави.

„Помеѓу луѓето во тимот постои еден тон организациско знаење. Ако имате неверојатни луѓе во тимот и се потрудете тие да останат покрај вас долго време, се случува магија. Тие знаат како се спроведуваат услугите на компанијата, можат да ги услужат клиентите како што треба и можат да менторираат останати членови на тимот. Вака расте и се развива еден бизнис.“, вели Ланда.

Тој додава дека отсекогаш ја препознавал предноста за бизнисот доколку луѓето ги ставате на прво место. Бизнис планот за Optimal Networks го напишал за време на своите магистерсти студии по бизнис администрација, посветувајќи цел посебен дел за културата која планира да ја изгради во компанијата. Тој во текстот ставил акцент на водењето грижа за вработените и работењето да биде забавно како клучни нешта за подобра услуга и повисоко ниво на задоволство кај клиентот.

Неговите професори му рекле да го отстрани овој дел од бизнис планот, а тој не само што не ги послушал, туку и уште го чува текстот во својата канцеларија во компанијата.

Кога вработените се среќни, среќата е заразна. Тоа ја подобрува атмосферата во работењето, квалитетот на работата, како и она најважното, врската со клиентите.

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -