Како изгледа да се работи за Мате Римац – искуство од прва рака на Матија Баришин, вработен во Rimac Automobili

- Advertisement -

Дваесет и петгодишниот Матија Баришин од Дража студирал електроенергетика на Факултетот за електринженеригнг во Осијек и сонувал да работи по дипломирањето. Конкретно, сакал да работи во една од најпопуларните хрватски технолошки компании – Rimac Automobili.

„Читавме скрипти додека пиевме кафе, а во паузите од учење ќе појдев на страницата на Rimac Automobili за да проверам дали излегол нов оглас за работа. Но, секогаш се потценував и сметав дека ниедна од работите за кои се бараше диплома не би знаел да ја работам, затоа што факултетот не не подготвува за практична работа. Во огласите секогаш се наведуваат специфични полиња каде што треба да се работи со софтвер кој ние на факултет не го работевме“ вели Матија.

- Advertisement -

Во еден момент е одлучил да се пријави за стажирање, сакајќи само шанса да се докаже. Во CV-то навел се што работел како студент, а по два месеци на сопствено изненадување, додека бил на море, му стигнала покана за на разговор. Разговорот го договориле преку Skype.

„Многу ми беше страв. Мислев дека тоа ми е последна шанса да се докажам пред работодавецот во чија компанија сонувам да работам. Откако се помина во ред, бев повикан во втор круг и разговорот беше за една недела. Иако се беше опуштено, пак ми беше страв. На прашањата што знам да работам одговарав со „Не знам, но сакам да научам“. Ми се чинеше дека се иде во погрешен правец како кога пред професор нема да ги знаете одговорите на пет прашања по ред, но претпоставувам дека во гласот се гледаше дека сакам да се трудам или им се допадна што сум сестран. Одлучија да ми дадат шанса во Одделот за батериски системи, што ми се допадна затоа што на факултет имавме многу лабораториски вежби“ објаснува Матија.

- Advertisement -

Откако размениле педесетина мејлови за да се договорат, првиот работен ден се појавил на работа со лаптотп, дипломската работа и дипломата во рака.

„Првиот ден беше хаос. Не знаев каде одам, не ме упатија, како да бев паднат од небо. Колегите ме упатија кај шефот, се запознавме и ја разгледавме дипломската работа. Се договоривме првиот месец да работам термодинамика. Добивав разни задачи и давав се од себе да се докажам. Шефот ми рече дека сака кога некој доаѓа од помал факултет и во оите му се гледа жар за борба“ раскажува Матија.

- Advertisement -

Во Оделот за батериски системит денес, една година подоцна, е постојано вработен во Rimac Automobili. Работи се и сешто и работаѕа му трае месец или два. Симулира и тестира ќелии, програмира, обработува податоци, прави извештаи и уште многу. Но, секогаш динамично и константно го надградва своето знаење.

„Во текот на оваа година како работам за Rimac Automobili научви колку што не научив за 5 години студирање. Со љубов ја работа работата. Знам да останам и 12-13 часа на работа, да појдам дома и да продолжам да работам до 2 часот наутро. Во компанијата нема натпреварување, сите сме како семејство, секогаш подготвени да помогнеме едни на други. Мате Римац е одличен работодавец. Секогаш сослушува се и имам чувство како да работам со пријател. Никогаш не се однесува како да е над мене. Дури и некаде да ми понудат повисока плата, не би отишол никаде. На работа се чувствувам како дома, како да сум се паркирал пред сопствената гаража и да работам за себе“ заклучува Матија Баришин.

(Index.hr)

Сподели!
- Advertisement -