Без разлика дали вие сте направиле грешка или некој друг, тоа поттикнува страв и грижа. Се прашувате што ќе се случи следно и што е најлошото што може да се случи. Грешките не се забавни, но тие исто така играат битна улога во растот и успехот. Како што рекол Алберт Ајнштајн, „Тој што никогаш не згрешил никогаш не пробал ништо ново“.
Доколку не сакате цело време да играте на сигурно во животот, мора да прифатите дека ќе грешите. Некои грешки се неизбежни и постојат за да не тестираат и да не научат нешто. Но, што кога би можеле да ги спречите грешките доколку знаете каде да гледате? Повеќето грешки почнуваат ситно и не ги забележувате, но бидејќи ги игнорирате или носите лоши одлуки тие ситници се претвораат во неуспеси. Доколку ги забележите следните знаци, знајте дека следува грешка.
1. Премногу ви е удобно
Еден од најбитните знаци дека нешто ќе се случи е кога премногу се чувствувате удобно. Можеби го сакате „лесниот живот“, но секако ви треба предизвик. Тоа е особено битно ако сакате да изградите успешен бизнис. Мора да останете мотивирани и како една ајкула, никогаш да не престанете да се движите.
2. Премногу се оптоварувате со сопствените идеи, мисли, планови…
Иако постојано сте опкружени со луѓе, претприемничката улога е осамена. Лесно е да се осамите со сопствените мисли, идеи, планови. Премногу се фиксирате на сопствената работа и се исклучувате од остатокот од светот. Така станувате слепи за новите можности, за грешките и за се друго.
3. Опкружени сте со луѓе кои постојано ви удоволуваат
„Да“ е опасен збор. Доколку постојано велите „да“, сигурно ќе потонете во работата, одговорностите и обврските. Сепак, не само кога вие некому удоволувате се појавуваат проблеми. Опасно е да сте окружени со луѓе кои велат „да“ на се што ќе кажете. Тоа значи дека на повидок се грешки.
Се разбира дека доколку ги гледате овие знаци не значи дека нема никогаш да правите грешки. Некои грешки се неизбежни. Некои носат скапоцени лекции, но кога ќе научите да ги сосечете останатите грешки од корен, ќе тргнете на патот до успехот.
(Addicted2Success)