Онлајн платформата „99math“ за учење математика низ игра достапна и на македонски јазик

- Advertisement -

На платформата „99math“ од денеска се достапни математички игри и на македонски јазик. Вебсајтот овозможува разни активности поврзани со математика за учениците од сите одделенија.

Изминативе денови, младата Клементина Аврамовиќ работеше на преводот, во соработка со тимот на вебсајтот.

- Advertisement -

„Платформата овозможува вежбање на математичките операции на брз, едноставен и лесен начин. Погоден е за употреба во онлајн наставата во периодов кога учениците треба да учат од дома. Освен за потребите на училиштата родителите може да ја користат оваа апликација за продуктивно ангажирање на своите деца и одржување на нивната математичка флуентност“, вели Аврамовиќ.

Регистрирањето на платформата е бесплатно и таа е достапна на каков било паметен уред со интернет.

- Advertisement -

Извор: Радио МОФ

Сподели!
- Advertisement -