- Advertisement -
По стартот на втората сезона од хорор-серијата Stranger Things на Netflix, компанијата за споделување превоз Lyft на клиентите во Филаделфија и во Лос Анѓелес им овозможи екстра искуство. Во текот на изминатиот викенд апликацијата нудеше опција наречена Strange Mode со која возач по име Вил ги зема патниците, а во текот на возењето се случуваат многу чудни нешта во колата.
Хорор возењето вклучуваше технологија со која седиштата и вратите се движат сами. На крајот човек во костим за заштита од отровни гасови на патниците им дава вафла. „Ние колата ја сметаме за наша сцена и токму затоа склучивме партнерство со Netflix и креиравме хорор возење“ вели Итан Ејлер, директор за корисничко искуство во Lyft.
- Advertisement -
- Advertisement -