Научници од МИТ направија паметен мебел кој ја менува формата

- Advertisement -

.Tangible Media Group од Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ) го претстави дигиталниот проект inFORM, кој овозможува корисниците со гестови или едноставно со детектирање на нивното присуство дa стапат во интеракција со мебелот околу нив. Проектот предвидува една иднина каде што луѓето ќе можат да се ракуваат со луѓето со коишто разговараат преку видео. Од МИТ сега го продолжуваат проектот со Transform, односно линија паметен мебел која ја менува формата.

Масата Transform беше претставена на изложбата Lexus Design Amazing во Милано. Површината на масата е составена од 1.000 мали делови кои реагираат на гестови во реално време. Дисплејот односно површината се придвижува со брановидни движења и е дизајнирана корисникот да го асоцира на вода или на песок.

- Advertisement -

(Mashable)

Сподели!
- Advertisement -