Huawei го шири својот видеосервис и продавницата за апликации во Европа

- Advertisement -

Во текот на настанот eco-CONNECT 2017 во Берлин, Huawei најави некои новини за своите европски корисници. Најавена е продавницата за апликации на Huawei, AppStore, која веќе некое време е присутна на кинескиот пазар, а на европските Honor и Huawei паметни телефони стигнува во првиот квартал од идната година

По тој повод од Huawei се одлучија на редизајн на целата апликација и соработка со 15 различни девелопери кои развиваат апликации и игри за мобилни уреди. Кинеската компанија ќе соработува со бугарскиот девелопер за онлајн игри Imperia Online, како и со словачката компанија Sygic, која стои зад истоимената апликација за навигација.

Понатаму, 200.000 книги од 4.800 различни издавачи ќе бидат достапни преку дигиталната книжарница Skoobe и посебен дел од AppStore, Huawei Themes Store, посветен на теми за мобилни телефони кои ќе може да се купат.

- Advertisement -

Освен продавницата за апликации, Huawei ќе го донесе и својот сервис за емитување видеа, кој ќе биде реализиран благодарение на соработката со компаниите Under The Milky Way и ATRESMEDIA, кои на корисниците ќе им понудат поширок каталог со филмски содржини, локална продукција и спортски содржини.

Сервисот за видеосодржини и продавницата за апликации ќе бидат достапни од идната година, но не веднаш на сите пазари туку достапноста ќе се шири постепено.

- Advertisement -

(SEEbiz.eu)

Сподели!
- Advertisement -