Топ 5 мобилни игри за „убивање“ време на плажа

- Advertisement -

Лежењето на плажа не е едноставна работа. Најголем дел од времето не е тивко, ве прска морето кога ќе дувне ветар, сонцето немилосрдно ви го топи сладоледот … Навистина ви доаѓа да побегнете – во дигиталните авантури на своите технолошки љубимци.

Сајтот Zimo состави листа со наслови кои се надеваме дека ќе ви ги ублажат овие „немилосрдни“ услови.

Hearthstone

Hearthstone – мобилниот формат е една од најдобрите работи која им се случи на игрите со карти. Hearthstone ви нуди небројни часови забава, но и опција за брзи пресметки во кои можете да ги тестирате вашите тактички вештини против играчи од целиот свет. Играта е бесплатна, а ја има и за iOS и за Android.

- Advertisement -

PlayerUnknowns Battlegrounds
Со излегувањето на мобилната платформа PlayerUnknowns Battlegrounds предизвика големо внимание и интерес на играчите. Станува збор за игра во која имате само една задача – да преживеете. За тоа да го направите успешно, мора да се опремите со оружје, заштитна опрема, возила, да внимавате да не се најдете во синиот круг на смртта и први да го притиснете прекинувачот кога ќе наидете на друг играч. Играта бесплатно можете да ја симнете од Apple Store или Google Play.

Alto’s Adventure
Oваа игричка ќе ве освои со едноставната игра и визуелните содржини кои оставаат без здив. Станува збор за one-touch игричка во која управувате со Alto на неговиот сноуборд низ планина, притоа изведувајќи големи скокови и трикови. Она што ја прави играта посебна е одличната транзиција од ден во ноќ и одличната музика. Цената е 5 долари, а ја има и на Apple Store и на Google Play.

- Advertisement -

Pokemon GO
Постои причина зошто оваа игричка по појавувањето во јавност соборуваше рекорди и ги оставаше луѓето во чудење. Ако случајно или намерно сте го пропуштиле тој иницијален бран одо обожаватели, сега е вистинскиот момент да се впуштите во оваа иновативна игричка, која ќе ве натера да се движите. Играта е бесплатна и за iOS и за Android.

Fallout Shelter
Дури и ако не сте фан на Fallout, оваа верзија на Sims ќе ве однесе под земја, каде што ќе изградите свое засолниште и ќе се грижите за станарите. Нивните животи ќе бидат во ваши раце, а на вас останува да се соочувате со крадци, штетници и други предизвици кои ќе излезат пред вас.

Сподели!
- Advertisement -