Една јапонска компанија на своите вработени кои се непушачи им даде дополнителни 6 дена платено отсуство од работа. Дополнителниот одмор е понуден како надомест за тоа што работат малку повеќе од своите колеги пушачи, кои користат паузи за пушење. Токиската фирма за онлајн маркетинг Piala Inc, која има 120 вработени, ја старуваше програмата во спетември, кога еден од вработените се пожалил дека колегите пушачи работат пократко поради честите паузи за пушење.
„Нашите канцеларии се на 29-ти кат и потребни се најмалку 10 минути да се симнеш до салата за пушење и да се вратиш на работното место. Точно е и дека разговорите во салата за пушење главно се за работата и пушачите разменуваат идеи и се консултираат. Затоа одлучивме дека е подобро да ги наградиме непушачите наместо да ги казниме пушачите“ вели портпаролот на компанијата.
Програмата веќе почна да дава резултати. Откога стартуваше програмата на 1 септември четворица од вкупно 42 пушачи меѓу вработените прекинаа да ги користат своите паузи за пушење.Доколку не пушат една година, ќе добијат дополнителни 6 денови годишен одмор. Според податоците, Јапонците пушат многу помалку од проано. Околу 28% од Јапонците пушат како и 9% од Јапонките, додека пред 20 години пушеле околу 50% од мажите и повеќе од 10% од жените.
(Bizlife)