Седум неверојатни нешта кои Илон Маск ги постигна во 2017 година

- Advertisement -

Минатата година беше година исполнета со пресвртни точки за Маск, но и за светот благодарение на неговите проекти. Еве само седум нешта кои милијардерот ги постигна во 2017 година.

1. Ја врати струјата во Порторико

Маск лансираше проект базиран на соларна енергија за враќање на струјата во болница во Порторико. Голем дел од островот ја изгуби струјата откако беше погоден од ураганот Марија.

- Advertisement -

2. Најбрзиот електричен автомобил

- Advertisement -

Tesla ја претстави втората генерација на Roadster автомобилиот во ноември кој е најбрзиот електричен автомобил произведен досега на светско ниво. Автомобилот може да помине четвртина милја за само 9 секунди, а идните верзии можеби ќе летаат.

- Advertisement -

3. SpaceX успеа да слета ракета на земјата

Вселенската агенција на Маск го усоврши системот на ракети за реупотреба и успеа да следа дури дваесет Falcon 9 ракети во 2017 година. Компанијата исто така ја надмина Русија во успешно лансирање на ракети и ѝ заштеди на НАСА милиони долари со тоа што доставува редовно пакети до Меѓународната вселенска станица.

4. The Boring Company собра 300 000 долари продавајќи капи

Парите се користат за да се тестираат подземни лифтови и тунели во Лос Анџелес кои можат да транспортираат автомобили со брзина од 125 милји на час со цел да го намалат сообраќајниот метеж.

5. Tesla стана втората највредна автомобилска компанија во САД

Акциите на Tesla стигнаа рекордна вредност откако компанијата достави 25 000 возила во првиот квартал поради што акциите изнесуваа повеќе отколку оние на Ford, американскиот најстар производител на автомобили.

6. Walmart, DHL и Pepsi купија Tesla Semis

Многу компании веќе ги прават своите нарачки на Tesla автономните електрични камиони кои можат да поминат 300 милји со едно полнење. Се очекува дека тие ќе претставуваат помал трошок отколку камионите на дизел и можат целосно да ја променат индустријата на достава.

7. Hyperloop проектот доби зелено светло во Мериленд

Маск доби дозвола да започне со градење на тунели за неговиот неверојатно брз, подземен транспорт систем преку кој ќе може да се пренесуваат патници од Њуjорк до Вашингтон за само 30 минути.

Сподели!
- Advertisement -