Најновата листа на магазинот Forbes со најмоќните жени во светот за 2017 година покажува дека иако има уште дота да се работи, не треба да се фокусираме само на недостатоците. Многу жени на годинашната листа претставуваат едно движење кое менува ставови и води до глобални бенефити во блиска иднина. На годинашната листа, која зема предвид фактори како богатство, влијание, сфери на влијание и медиумско присуство, има 23 новодојденци, што е рекорд на оваа листа, особено ако се земе предвид дека новодојденците се од полиња како политика, технологија, бизнис и медиуми.
Па, кој владее со светот денес? Германската канцеларка Ангела Меркел и годинава е на чело на светските лидерки. Премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, е на второто место поради своето лидерство на земјата низ Brexit, што е историско, комплексно и време на трансформации за Европската унија.
На трето место е Мелинда Гејтс, копретседател на Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, која заедно со милијардерот Бил Гејтс досега има доделено повеќе од 40 милијарди долари грантови во светот. Четвртата позиција ја зазема Шерил Сендберг, главен оперативен директор на Facebook, а петтата извршната директорка на General Motors, Мери Бара.
Првата десетка на листата ја заокружуваат: Сузан Војчички, изврпна директорка на Youtube; Ебигејл Џонсон, претседател и извршен директор на Fidelity Investments; Кристин Лагард, директорка на ММФ; Ана Патрисија Ботин од Santander Group и Џини Ромети, извршна директорка на IBM. Најголем број жени на листата се од САД – вкупно 45, а постоа следува Обединетото Кралство со 10 претставнички
На листата се најде и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која го зазеде 39-тото место,а од жените во политика се наоѓа на 14-то место. Според Forbеs, таа е помоќна од норвешката премиерка Ерне Солберг, која е на 17-то место. Иако меѓу првите 100 нема ниедна жена од Србија, на листата сепак има една претставничка со српско потекло. Станува збор за Фиби Новаковиќ, Американка со српско потекло, која има работено во ЦИА и во Ми нистерството за одбрана на САД и на листата на Forbs со најуспешни жени дојде на 48-мото место.
(Bizlife)