Шведската компанија Plantagon верува дека „зелените облакодери“ се нашата иднина и дел од решението за глобалната криза. Делумно урбани фарми делумно облакодери, овие вертикални стакленици моќат са обезбедат огромни количини органска храна со многу помалку енергија и помало влијание врз околината отколку индустриското производство. По години истражување Plantagon сега е подготвен да го направи првиот „зелен облакодер“ наречен The World Food Building и стартуваа кампања за собирање средства.
Компанијата е пионер на полето на урбаното земјоделство и прехранбената технологија и има за цел да ја реши кризата за храна поради растот на градовите и недостигот од обработливо земјиште. Затоа компанијата го креираше облакодерот The World Food Building, кој е 60-метарска вертикална фарма и 16-катна канцелариска зграда и доколку се изгради во Линкопинг, Шведска, ќе служи како интернационален модел за вертикално индустриско урбано земјоделство.
Иновативниот „зелен облакодер“ ќе ја користи технологијата патентирана од Plantagon за да произведува 500 тони органска храна годишно во чиста, затворена и контролирана средина. Најмлаку половина од енергијата која ќе се искористи за производство на храна ќе се реупотреби за подно греење. Од Plantagon проценуваат дека The World Food Building ќе заштеди 1.000 метрички тони јаглерод диоксид и 50 милиони литри вода.
За да го изгради првиот „зелен облакодер“ Plantagon почна со групно финансирање. „Ние се обративме до луѓето насекаде кои сметаат дека комерцијалните организации треба да бидат двигатели на промените. На луѓето им е смачено од бизниси кои сакаат само профит. Веруваме дека е време за промена“ вели Ханс Хасл, соосновач на Plantagon.
(Inhabitat)