Во Пробиштип ќе се произведува органско ѓубриво преку заеднички проект со Грција и Кипар

- Advertisement -

Преку заеднички проект за третирање на комуналниот отпад, општина Пробиштип заедно со Катерини од Грција и Jернисоj од Кипар се трите пилот општини кои ќе воведат концепт за преработка на отпадот за производство на органско ѓубриво, јавува ТВ24.

„Се предвидува набавка на чипови коишто ќе бидат поставени на деловите на камионите во делот на прифатот на кантите за отпад и на самите канти за отпад коишто треба да дадат податоци од кое семејство колку отпад е создаден и врз база на тоа да се врши пресметка колку треба да биде наплатата за изнесена количина на ѓубре“, изјавил м-р Васко Златковски од Универзитет „Гоце Делчев“ Штип.

Новиот концепт ќе значи помали трошоци за домаќинствата и посебно за угостителите каде дури 50 проценти од отпадот е од органско потекло. Предвидено е во Пробиштип да бидат поставени две автономни компостерски единици.

- Advertisement -

„Сите остатоци од ѓубре кои ќе ги создаде едно домаќинство и угостителските објекти ќе бидат пакувани во биоразградливи вреќи и ќе бидат изнесувани во ткн. автономни компостерски единици кои го преработуваат“, додава Златковски.

Органското ѓубре  општините ќе може да го користат за зелените површини, а ќе се намали и загадувањето на воздухот од издувните гасови на камионите бидејќи новиот систем ќе значи и намалување на нивната фреквенција. Проект изнесува околу 350 илјади евра и ќе започне да се имплементира следната година, а системот кој ќе виде воспоставен ќе овозможи рециклирање на 65% од отпадот, а бенефит ќе имаат 370.900 граѓани.

Сподели!
- Advertisement -