Откриен лек кој ги топи маснотиите во крвните садови

- Advertisement -

Лек првично наменет да се третира рак на дојка и дијабетес има неочекувани и корисни ефекти. Научници открија дека една доза „тродускемин“ целосно може да излечи артериосклероза, болест која се дефинира како масни наслаги во артериите. Ова откритие отвора опции за нови превентивни лекови за срцев удар и мозочен удар.

Артериосклероза е акумулирање холестерол на ѕидовите на артериите, односно масни наслаги кои со тек на време се стврднуваат и ги стеснуваат артериите. Тоа го ограничува протокот на крв богата со кислород  низ телото и доведува до сериозни здравствени проблеми.

- Advertisement -

Промената на животниот стил е основниот третман за артериосклероза, но научниците работат на повеќе експериментални технологии како начин за третирање на воспалението кое се појавува по подолго боледување.

Лекот „тродускемин“ моментално се тестира за третирање рак на дојка и дијабетес. Истражувачи од Универзитетот Аберден го тестираа лекот на глувци со вештачки предивикана артериосклероза за да се симулира состојбата кај луѓето и открија дека не само што ги намалува масните наслаги во артериите туку само една доза ги има истите ефекти како подолготраен третман со други лекови.

- Advertisement -

Според истражувачите, лекот функционира така што го блокира ензимот PTP1B, кој е покачен кај гојазните луѓе, болните од дијабетес и кај други состојби со подолготрајно воспаление. „Тродускемин“ досега дава импресивни резултати и се покажа дека една доза може да го спречи влошувањето на состојбата кај артерисклерозата.Следниот чекор е да се тестира лекот кај луѓе со напредна артериосклеорза и други кардиоваскуларни болести.

Сподели!
- Advertisement -