Седмо издание на Skopje Design Week од 22. до 26. ноември

- Advertisement -
 Седмото издание на “Недела на дизајнот во Скопје” (Skopje Design Week) оваа година ќе се одржи од 22. до 26. ноември во „Јавна соба“ и Лукс продавницата за расвета и мебел, а подготовките влегоа во финална фаза. Информациите се достапни на веб страната на фестивалот www.ministryofpleasure.net и социјалните мрежи.

Тема на овогодиното издание на SDW  е Звукот на материјалите, каде водејќи се од фактот дека материјалите, достапноста на истите и нивната обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.

Фестивалот оваа година ќе се претстави пет програмски целини, каде секако водечката е секцијата на дизајн изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот  на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје.

Сподели!
- Advertisement -