Овој гаџет детектира рак на кожа во ран стадиум

- Advertisement -

Како што пренесува сајтот Inhabitat, уредот sKan е евтин гаџет кој може да детектира рак на кожа во рани стадиуми. Уредот креира топлинска мапа за да идентификува абнормалности на кожата кои се поврзуваат со присуство на меланом. Ракот на кожа е најчестата форма на рак на светско ниво – 1 од 3 случаи – и е виновник за илјадници смртни случаи секоја година. Уредот sKan ја освои годинашната награда James Dyson, интернационална награда за студентски иновации.

За да ја достигне својата цел – спасување илјадници животи, sKan го анализира метаболизмот на канцерогените клетки. По одреден период на ладење кожата која има рак забрзано се загрева поради високиот метаболизам на канцерогените клетки. sKan користи евтини и многу прецизни сензори за температура за да се лоцираат загреаните делови од кожата и пушта светлина таму каде што потенцијално има канцерогени клетки. Резултатите потоа се прикажуваат на топлинска мапа и може да ги анализираат медицински лица за да утврдат дали пациентот има потреба од дополнителна грижа. Раната детекција може да спаси живот.

- Advertisement -

„Со евтини и достапни компоненти sKan овозможува детекција на меланом на кожа кај стие што не можат да си дозволат скапи третмани. Ова е многу паметен уред со потенцијал да спаси илјадници животи во светот. Токму затоа ги прогласив за годинашни победници“ изјави Џејмс Дајсон, британски иноватор и индустриски дизајнер. Тимот на sKan ќе добие и награда во износ од 40.000 долари, која планираат да ја искористат за да го рафинираат дизајнот и да ги исполнат стандардите на американската Агенција за храна и лекови.

Сподели!
- Advertisement -