Македонските производи се одлични! Ни фалат силни брендови и повисоки цени!

- Advertisement -

Производството и извозот на преработки од зелечук и овошје бележат постојан раст изминативе години. Купувачите го ценат квалитетот на нашите производи, но и понатаму тие се продаваат за цени и по четирипати пониски од сличните италијански, шпански, германски или француски производи. За идните перспективи на македонската конзервна индустрија разговараме со  Сашо Ристески, претседател на Македонската асоцијација на преработувачи

Македонија има 40 капацитети за преработка на овошје и зеленчук, кои над 80% од своето производство го пласираат на странските пазари. Најголем купувач е Европската Унија, поточно Германија, потоа Србија и Хрватска, а дел од преработките заминуваат и во прекуокеанските држави, Австралија, Канада и САД, во деловите каде што има поголоми заедници доселеници од Балканот. Според анализата на Македонската асоцијација на преработувачи (МАП), од 2007 до 2015 година извозот на преработки пораснал за 18,5 тони на вкупно 48,8 илјади тони, а девизниот прилив за истиот период се зголемил за 18,5 милиони евра. Сашо Ристески од МАП, каде што членуваат 32 преработувачки компании, за „Иновативност“ зборува за потенцијалите, но и за предизвиците со кои се соочува оваа индустрија.

- Advertisement -

Ајвар, лутеница, пинџур, слатко и џемови, туршија од пиперки или домати… Македонските преработки имаат голем углед на странските пазари, кој се должи пред се на квалитетот на суровината, македонскиот зеленчук и овошје. Тоа, како и современата технологија застапена во нашите преработувачки капацитети се докажан рецепт за успех кај купувачите. Сепак, освојувањето на пазарите низ Европа и светот не е едноставно, особено во секојдневната борба со странските брендови, присутни на овие пазари со децении. Вложувањето во бренд и маркетиншката презентација на македонските производи е услов за зголемување на препознатливоста на странските пазари, но и клучно за зголемување на цената која купувачот ќе биде подготвен да ја плати.

Производството и извозот на преработки од зелечук и овошје бележат постојан раст изминативе години. Купувачите го ценат квалитетот на нашите производи, но и понатаму тие се продаваат за цени и по четирипати пониски од сличните италијански, шпански, германски или француски производи. Се работи за навики на купувачите, но и за препознавање на производот. Македонските преработки имаат позитивен имиџ на пазарите, но странските брендови зад себе имаат долги години вложувања во брендот, во маркетинг, дегустации, пробивање во ресторани, во ексклузивни маркети… со крајна цел да дојдат до домовите на купувачите.

80% од производството на домашната конзервна индустрија
е за извоз

- Advertisement -

Според Сашо Ристески од Македонската асоцијација на преработувачи, над 80% од производството на домашната конзервна индустрија заминува за извоз. Најголем пазар ни е Европската Унија, како и земјите од Балканот. Минатата година биле извезени 45 милиони килограми преработки. Девизниот прилив од нив бил 53,5 милиони евра, што ја става индустријата за преработка на зеленчук и овошје на второто место во земјоделско-прехранбениот сектор, веднаш зад извозот на тутун, а пред извозот на вино.

Jars of pickled vegetables and fruits in the garden

„Квалитетот на домашниот зеленчук и овошје се неспорни, но за компаниите да бидат вистински конкурентни на странските пазари треба постојано да вложуваат во промовирање на своите производи. Тие се на технолошко ниво според побарувањата на ЕУ и другите пазари и ги поседуваат сите стандарди за безбедност и квалитет далеку и над барањата на домашната легислатива“, вели Ристески.

- Advertisement -

Дел од македонските преработувачки капацитети во изминатите години направија големи вложувања во изградба на свои брендови, особено оние кои продаваат финални продукти. Тоа е стратегија која ја донесува секоја компанија посебно, но резултира со покачување на просечната цена на извезениот производ од едно евро на 1,17 евра.

Компаниите поинтензивно работат на заштитување на свои трговски марки и вложуваат во маркетинг, а тоа ги прави препознатливи, ја качува цената, но и им го отвора патот кон пазарот на премиум производи. И државата има голема улога во тој процес, преку Министерството за земјоделство, кое постојано им дава поддршка за организирање и посета на саеми, средби со економски партнери и размена на искуства“, вели Ристески.

Иако производството и извозот на преработки од зеленчук и овошје расте, потенцијалот на оваа индустрија се уште е огромен. Македонската асоцијација минатата година изнесе податок дека капацитетите на конзервните фабрики се искористени со 35 до 40 отсто. Причина за тоа е кратката земјоделска сезона, во која можат да се најдат суровини за преработка. Најоткупувана е црвената пиперка за ајвар, лутеница и пинџур, која зафаќа речиси 50 проценти од целокупниот откуп и е најзначаен стратешки производ за конзервирање. Останатите 50 проценти се претежно различен зеленчук и еден мал дел е овошје.

Црвената пиперка е носечки производ на нашата индустрија. Бидејќи квалитетот е одличен многу е барана и на другите пазари, па така, без разлика колку тоа нам не ни одговара се случува да се извезува и како суровина. Сепак, нашите капацитети во сезоната на производство немаат проблем со откуп на суровина“, вели Ристески.

Практично, фабриките за преработка на овошје и зеленчук работат 3-4 месеци со полн капацитет во три смени и потоа или ставаат клуч на врата или произведуваат многу малку. Ристески вели дека вон сезоната, тие бараат други суровини за преработка, а решението треба да се бара во производство со нови сорти и семиња.

(Пишува- Сања Наумовска)

Сподели!
- Advertisement -