Од 18 jуни ново издание на ПланУМ, инспирација за твојот личен развој

- Advertisement -

Инспирацијата за твојот личен развој во твои раце. Од 18 jуни, во книжарниците ТРИ

ПланУМ започна како личен простор за контемплација, сонување и планирање на авторката Александра Шаровиќ Атанасовска. За многу брзо време, во соработка со издавачката куќа ТРИ се претвори во едно цело движење на истомисленици кои активно работат на својот личен развој и тежнеат кон продуктивност, реализирајќи ги своите цели преку деталната мапа која ја нуди токму овој несекојдневен планер.

По успешно продадените 3 изданија во неполна година, ПланУМ од 18 јуни на своите верни, но и потенцијални купувачи, ќе им ја понуди својата нова и свежа содржина но и современ формат кој совршено ќе се вклопи во сечија торба, актовка, ранец за тренинг и плажа…

- Advertisement -

Летoто е совршен период за да си посветиме повеќе време себеси, со одмор но и активна работа на нашите планови. Во 240-те страници на новиот ПланУМ, освен проверената структура за план и реализација базирана на техниките од коучинг методологијата со фокус на решенија, сместени се и 12 инспииративни приказни кои како наративна терапија ќе го поттикнат корисникот на свесен и објективен увид во конкретни животни ситуации. Сознанието добиено од работа во овој ПланУМ води кон менување на перцепција, поставување на приоритети, преземање акција и одговорност…

Која и да е Вашата потреба за еден ваков интерактивен личен асистент во форма на планер, ПланУМ е тука за сите и претставува онаа екстра мотивацијата која секогаш ни треба за да големата зацртана цел ја претвориме во прецртана.

Сподели!
- Advertisement -