Македонија ќе добие Академија за сајбер безбедност

- Advertisement -

Годинава во Македонија се регистрирани 328 сајбер напади!

Министерството за одбрана и Владата најавија отворање на Академија за сајбер безбедност. Академијата ќе биде дел од постдипломските студии на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје. Ќе можат да се запишат луѓе од бизнис секторот, а ќе бидат стипендирани и лица од администрацијата.

- Advertisement -

Во периодот од јануари до октомври годинава, македонските веб страници биле цел на 328 сајбер напади. Ова е речиси незабележителна бројка во однос на развиените држави, но се очекува бројот на сајбер напади да расте, па справувањето со овие проблеми порано е вистинското решение, известува порталот IT.mk

Исто така, Владата за оваа цел формира заеднички тимови од Министерството за одбрана, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за внатрешни работи. Овие тимови ќе соработуваат со партнерите од НАТО и ЕУ за подобра сајбер одбрана.

- Advertisement -

Мерките кои се најавени се усогласени со европското законодавство и искористување на добри практики, а ќе вклучат и креирање на  национално тело за надзор и воспоставување тимови за одговор на компјутерски инциденти.

Сподели!
- Advertisement -