Холандски научник може да направи 10 тони говедско месо од само една клетка

- Advertisement -

Како што расте светската популација, човечкиот апетит за месо ја оптоварува природата и ги забрзува климатските промени. Глобалната индустрија за месо произведува повеќе штетни гасови отколку сите автомобили, авиони, возови и бродови заедно. Со оглед на тоа дека оваа побарувачка за месо нема изгледи да се намали, науката можеби може да помогне да се јаде месо без да се уништва планетата.

Од 60-тите години досега глобалната консумација на месо е зголемена четирикратно. За 35 години отсега, кога се прогнозира популација од 7 до 10 милијарди, ќе јадеме 70% повеќе месо отколку денес. Научниците и индустријата бараат начини да се задоволи таа идна побарувачка.

- Advertisement -

За одгледување добиток се потребна вода и земјиште, за да се добие земјиште се сечат шуми, а сечењето шуми го зголемува загадувањето на нашата планета. Ако одгледувањето и јадењето месо е толку штетно за планетата, зошто тогаш не сопреме?

Нема да мора да сопреме да јадеме месо доколку успеат експериментите на холандскиот научник, професор Марк Пост, кој тврди дека е на пат да ги реши овие проблеми. Пост изумил лабораториски процес за одгледување вистинско месо. Методот има потенцијал да ги намали негативните влијанија на одгледувањето добиток и да го прекине убивањето животни. Според Пост, тој може да произведе дури 10 тони говедско месо од сам една клетка. 

- Advertisement -

 

Како функционира? Најпрвин се земаат клетки од мускулите на крави или говеда. Потоа се додаваат други култури во клетките и и тие почнуваат да се делат и да се создаваат нови. Од само една мускулна клетка може да се пораснат повеќе од еден трилион нови клетки. Тие клетки потоа формираат „миоцевки“ кои се обложени со гел кој предизвикува да контрахираат. Со тој процес месото почнува да го зголемува волуменот. Тие парчиња мускули потоа се комбинираат за да се добие вистинско говедско месо. Според професорот Пост, на овој начин бројот на крави кои се убиваат на глобално ниво ќе се намали од 1,5 милијарди на само 10.000.

Сподели!
- Advertisement -